Кумановец измамен за 20.000 евра од лажен полициски инспектор

Од:

Тетовец преставувајќи се како полициски инспектор и ветувајќи ослободување на затвореник во јули годинава измамил кумановец за 20.000 евра.

Како што соопшти МВР, лицето Н.Б. (68) од село Отља, Кумановско во полициска станица Гази Баба вчера во 13:50 часот пријавил дека во текот на месец јули годинава од страна на лицето Н.М. од Тетово му била извршена измама за сума од  20.000 евра.

Пријавителот заедно со неговата ќерка Т.Б. и нејзина другарка се сретнале во ресторан во село Сарај со пријавениот Н.М. Тој им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово.

Откако Т.Б му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, обвинетиот им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат. По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Пријавителот Н.Б. за ослободување на лицето Б.Б. од затвор му дал 20.000 евра на Н.М.

Кога Н.Б. во месец септември годинава отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека досега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М., но истиот не се јавувал. Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20.000 евра.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма