Готвачи од Гевгелија освоија прво место на Меѓународниот кулинарски фестивал „Гранд Гурмет“ што се одржа во Макарска, Хрватска.
Ова е прво учество на гевгеличани на фестивалот во Макарска кои беа оценети од 18-члено жири за нивната угостителска услуга и за специјалитетите што ги подготвија.
Македонските кулинари се дел од екипата на ресторанот „Боко“ од Гевгелија, а признанието го добија во конкуренција на ресторани од Чешка, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
На второто и третото место се пласираа екипите на рестораните „Универзитет“ од Нови Сад и „Атриум“ од Рогозница во Хрватска.