Николиќ: Во овој момент од Трибуналот да излезат и сите Срби

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ оцени дека изрекувањето на пресудата за Харадинај, е моментот кога од Трибуналот треба да излезат сите Срби.

Претседателот Николиќ истовремено изрази очекување дека ослободителната пресуда за Харадинај ќе ги обедини сите Срби, зашто како шти истакна неправдата кон Србите коже само да ги воздигне, а никако да ги собори.

„Мислам дека не ги проценија добро Србите. Нас ваква неправда не може да не разочара. Ние сме народ кој е горд кога му се вршат неправди, а можеби од тоа ќе призлезе нова слога меѓу нас. Сега е јасно дека тие сакаат сите што живат во Србија да патат се додека тоа светските моќници го посакуваат“, рече Николиќ.

Тој смета дека по пресудата за Харадинај, сега Трибуналот треба да ги ослободи и сите обвинети Срби.

„Ми се чини дека треба да сме горди за тоа што ни го прават. Сме навикнале на мака и на обиди други да располагаат со нашата судбина. Ова е моментот кога од Хаг треба да излезат сите Срби, затоа што ако „Олуја“ не била злосторство, и ако Харадинај не направил никакво злосторство, каде тогаш ќе најдат злосторство кај политичарите, кај командантите на војската и полицијата на Србите кои сега се наоѓаат во Хашкиот трибунал“, рече тој.

Според неговите зборови, сега никој не се сомнева во вистинитоста на она што Србија го тврдеше уште од основањето на Хашкиот трибунал-дека тоа не е праведен суд и дека целта е Србите како народ и сите српски држави да се осудат на вечно наведнување на главата пред некакви злосторства.

Николиќ предупреди дека ослободителните пресуди за хрватските генерали и за Харадинај ќе остават неизбришиви последици по односите во регионот.

„Не може да се случи после ова ние да продолжиме со своите соседи да одржуваме односи какви што сме имале до сега. Ако некој сакал да не скара, тогаш го нашол вистинскиот начин за тоа“, изјави Николиќ.

„Имав голема идеја да учествувам во помирувањето на сите народи, и почнав со Македонија и со Унгарија, и сега сето тоа ќе запре затоа што тие што не убедуваат да живееме во мир и да соработуваме, всушност прават се до тоа да не дојде“, рече српскиот претседател.

Тој најави дека Србија на седницата на Советот за безбедност на ОН на 5 декември ќе има прилика да каже се што српкиот народ мисли за Хашкиот Трибунал.

Според него, зад одлуката за ослободување на хрватските генерали се крие желбата на меѓународната заедница на Хрватска да и се овозможи да влезе чиста во ЕУ и да може да го води процесот против Србија и српскиот народ, а на привемрените институции на Косово да им овозможат да преговараат без товарот за злосторствата кои ги направи ОВК.

„Ние мораме да разговараме со Албанците, но во потполно нови односи, сега кога ни е јасно што навистина сакаат, за што велат дека всушност не го сакаат. Сакаат независно Косово и ние со таква држава да разговараме. Со таква држава ниеден политичар зад кој стои народот нема да разговара никогаш“, порача Николиќ.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје