Сириските опозициски сили, кои ја имаат поддршката на Турција, напредуваат кон градот Ал Баб и неговиот региоин наскоро ќе биде „исчистен“ од борците на групата Исламска држава (ИД), изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Ваквата изјава Јилидирм ја даде во обраќање пред пратениците од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), кое беше дирекно пренесувано на државната телевизија ТРТ.
Најавата на Јилдирим следи откако двајца раководители на сириските бунтовници вчера најавија дека ќе започнат офанзива за протерување на ИД од Ал Баб.
Турските медиуми оценуваат дека ваквата операција на сириските бутовници поддржани од Турција, би можела да доведе до нивни нови судири со силите на сириските Курди во регионот, кои Анкара ги обвинува за тероризам и за поврзаност со Курдската работничка партија (ПКК).