ФБИ: Зголемување на злосторствата кон малцинствата во САД

Од:

Бројот на злосторствата поттикнати од омраза се зголемил за седум отсто во САД во текот на минатата година, се наведува во најновиот извештај на Федералното истражно биро, при што бројот на инцидентите во кои жртви биле муслимани се зголемил за 67 отсто.

Според последните податоци на ФБИ, бројот на злосторствата од 5.479 во 2014 година се зголемил на 5.850 во 2015 година.

Кога станува збор за  злосторствата кон припадниците на муслиманската вероисповест тие бројки се промениле од 154 во 2014 година на 257 минатата година.

Злосторствата од омраза кон муслиманите достигнаа највисоко ниво од терористичките напади на 11 септември 2001 година и се втори според висина откако ФБИ почна да собира податоци во 1992 година.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас