Ракометарите се собраа во Велес

Од:

Стручниот штаб на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Лино Червар денеска го одржа и третиот собир на ракометари, овојпат во Велес.

По Битола и Охрид, Червар со своите асистенти денеска беше во Велес каде одработе тренинг со потенцијалните репрезентативци, односно ракометари ос Супер лига. Сепак, меѓу повиканите беа и сениорските репрезентативци Филип Талески и Филип Кузмановски, додека Марко Нелоски поради проблем со грбот дојде во Велес, но не беше во можност да тренира.

– Тука видов дека постои желба и Мора да ги подобрите условите и во другите градови. Мора на пример оваа сала да се загрее, спортистите да работат во нормални услови. Денес ќе работиме еден тренинг експеримент на зона 3-2-1 и ќе видиме како ракометарите ќе се снајдат на неа. Со оваа практика ќе продолжиме и напролет по Мундијалот, изјави селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Лино Червар.

Следните активности на репрезентацијата се подготовките за Светското првенство во Франција, во јануари следната година.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ