Спасовски на министерска конференција во Србија

Од:

 Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски денеска во Белград учествуваше на министерската конференција „Регионална проценка на заканите од тежок и организиран  криминал- регионална СОКТА“, на која учествуваа и министрите за внатрешни работи на Србија и на Црна Гора.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски во своето обраќање истакнал дека се наоѓаме во непредвидлив период кога заканите, ризиците и предизвиците еволуираат и се модифицираат на дневна основа и затоа мора да има соодветна реакција за да се заштитат граѓаните, а криминалците да бидат изнесени пред лицето  на правдата.

– Да ги натераме да не помислат воопшто на криминално дејствување. Да знаат дека криминалот не се исплати. Човековата слобода, достоинството, здравјето, имотот и приватноста мора да бидат  сигурни и заштитени. Никој не смее да ги злоупотребува и да тргува со нив.  Недозволената трговија со дрога, илегалната миграција, трговијата со луѓе, економскиот криминал, компјутерскиот криминал, како и организираните криминални групи кои дејствуваат во различни области на криминал мора да станат минато, нагласува Спасовски.

Порачал дека оваа Регионална конференција е вистинското место каде треба да се испратат овие пораки. Македонија, Србија и Црна Гора да бидат пример за останатите и со заеднички пристап да се стави крај на сериозниот и организиран криминал.

Конференцијата ја организира Мисијата на ОБСЕ во Србија во склоп на проектот за „Подобрување на капацитетите на секторите за стратешка анализа и стратешка проценка во управите на криминалистичките полиции на Министерствата за внатрешни работи на Македонија, Србија и Црна Гора“, под финансиско покровителство на Швајцарија.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски