Веднаш ќе ги снема од трпезата …
Потребно е:
400 гр брашно
2 кесички прашок за пециво
2 кесички сув квасец
200 гр маргарин
300 гр сварени и испасирани компири
1 јајце
сол
за филот:
300 гр шунка
200 гр кашкавал (трапист, гауда, ајдамер или по избор)
Подготовка:
– Во подлабок сад ставете ги брашното, испасираните компири, прашокот за пециво, квасецот, солта, исечениот на парчиња маргарин и јајцето. Замесете глатко тесто, не многу тврдо. Покријте го со крпа и оставете го да стои на топло околу 30 минути.
– За тоа време ситно исечете ја шунката и изрендајте го кашкавалот.
– Тестото поделете го на два дела. Секој дел развлечете го со дебелина од околу 0,5 см. Потоа секое тесто исечете го на правоаголници со големина 5х10 см.
– На секој правоаголник ставете ставете малку од шунката и кашкавалот и замотајте ги во ролна од пошироката страна. со прсти притиснете ги краевите кон внатре.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење (споената страна да биде од доле), премачкајте ги со изматено јајце и посипете со малку изрендан кашкавал и сусам. Оставете ги да стојат 15-тина минути.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.
– Послужете ги врели со чаша јогурт или кисело млеко.