„Јагуар“ ја поттикна имагинацијата на фановите пред саемот во Лос Анџелес

Од:

„Јагуар“ на претстојниот авто-салон што се оддржува во најголемиот калифорниски град ќе го изложи новиот автомобил, што се претпоставува дека за погон ќе ја користи струјата.

На неколку часа пред официјалната презентација на возилото беше објавено и видо, а производителот не открива речиси ништо за новиот автомобил. Странските медиуми,сепак, пишуваат дека станува збор за СУВ возило на струја.

Во последните неколку месеци „Јагуар“ најавуваше дека работи на електричен автомобил што се темели на новата механичка платформа. Се очекува електричниот „Јагуар“ моќта да ја добива од два електромотора, а секој ќе придвижува по една оска од автомобилот. Вкупната моќ на електричниот погонски систем треба да биде над 300 кс, додека електромоторите ќе се напојуваат од батерија од 70 квч.

Според истиот извор, автономија на возење со полни батерии ќе изнесува околу 450 километри.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата на автомобилот. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ