Британецот Луис Хамилтон остана во игра за титулата Светски шампион, откако вечерва победи на патеката „Интерлагос“ на трката во Формула 1 за големата награда на Бразил.
Гран-прито во Бразил помина во сенка на дождот кој им донесе многу проблеми на возачите, а имаше и прекин во два наврати. За комплетен триумф на тимот на Мерцедес се погрижи Нико Розберг кој го освои второто место, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул.
За Хамилтон ова беше деветта победа оваа сезона, исто толку има и Розберг кој со 12 поени предност ќе влезе во последната трка од шампионатот која ќе се вози во Абу Даби и која ќе го одлучи новиот шампион.