Владо Шчепановиќ повеќе не е тренер на Будуќност, соопшти денеска клубот од Подгорица. Поранешниот југословенски репрезентативец поднесе оставка по поразот од Карпош Соколи вчеравечер во Скопје што беше прва победа за македонскиот тим во регионалната кошаркарска АБА лига.
За црногорскиот шампион неуспехот е прв оваа сезона, но загубениот дуел кај последно пласираниот тим кој до вчера беше без триумф, како и четирите порази во Еврокупот беа причина да дојде до тренерска смена во Будучност.
Шчепановиќ за кого работата во Будуќност му беше прва во професионалната тренерска кариера се задржа четири месеци на клупата на подгоричани.