Курц: За Турција нема место во ЕУ

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, денеска порача дека во Турција се случуваат се поапсурдни и посурови дела, кои Европа не смее да ги набљудува со скрстени раце.

– На таквата Турција и нема место во ЕУ, нагласи шефот на австриската дипломатија во изјавата за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“.

Курц истакна дека Турција се повеќе се одалечува од Европа, заради што спогодбата за бегалците, смета тој, наскоро ќе стане минато.

Тој изрази загриженост заради се поостриот бран репресии во Турција.

Во врска со барањата на Турција за отворање на другите поглавја во пристапните преговори со ЕУ, како и за визната либерализација, Курц порача дека ништо од тоа не доаѓа во предвид.

Според него, се поголем број европски земји го застапуваат овој став.

-ЕУ мора самата да си ги заштити своите надворешни граници, го повтори Курц своето барање, истакнувајќи дека секој еден кој илегално ќе тргне на пат кон ЕУ нема да успее во намерата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин