Градоначалникот Трајановски се сретна со борците од НОБ

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата борците евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, а градоначалникот Трајановски изрази почит кон нив и благодарност за нивниот придонес во ослободувањето на Скопје.

Од име на борците Трајко Стаматовски му се заблагодари на Трајановски за добрата соработка и поддршката што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците. Во име на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Стаматовски им го честита празникот на градоначалникот Трајановски и на сите жители на Скопје.

Би можело да ве интересира

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики