Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Бразил, на претпоследната трка од годинешниот шампионат во Формула 1.
Британецот до пол позицијата дојде со време од 1:10,736 минути. Него од првата стартна линија друштво ќе му прави тимскиот колега и лидер во генералниот пласман, Нико Розберг.
Од вториот ред ќе стартуваат Кими Раиконен од Ферараи и Макс Верстапен во болидот на Ред Бул. Себастијан Фетел и Даниел Рикардо ќе тргнат од третиот ред, а потоа од седмата до десеттата позиција следуваат: Роман Грожан, Нико Хулкенберг, Серхио Перез и Фернандо Алонсо.
Трката на патеката „Интерлагос“ ќе се вози утре од 17 часот. Розберг со евентуална победа ќе ја обезбеди титулата.