Запленети 12,5 кг марихуана на Табановце

Од:

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце, вчера во автомобил со германски регистарски ознаки запленија околу 12,5 килограми марихуана.

Царинската управа информира дека синоќа околу 22:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија е запрен автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од лицето Е. Д. Р. косовски државјанин, со кое патувало уште едно лице – германски државјанин. При контрола на возилото со царинско куче, на повеќе места (фабрички шуплини) беа пронајдени вкупно 40 опаковки обвиткани со најлонска фолија, наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога се добиени индикации дека се работи за марихуана, со тежина од околу 12,5 килограми.

Од спроведената предистражна постапка, од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинска управа на РМ се собрани докази кои укажуваат дека осомиченото лице требало марихуаната да ја пренесе од Косово во Германија.

По комплетирање на сите докази, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски