Со двата натпревари кои ќе се играат денеска, а во кои Ростов Дон е домаќин на ЦСМ Букурешт, а Мец ја пречекува екипата на Будуќност ќе започне тридневната програма од 5.коло во женската ракометна Лига на шампиони.
Македонскиот првак ЖРК Вардар во недела од 15 часот гостува во Будимпешта кај Ференцварош во дуел кој директно ќе решава за првото место на табелата во Б групата во која двете екипи имаат идентичен број на бодови (седум).
Двојки за 5.коло во женската ракометна Лига на шампиони:
Петок
17:00 Ростов Дон – СЦМ Букурешт (Ц група)
19:00 Мец – Будуќност (А група)
Сабота
15:15 Митјиланд – Ѓер (Ц група)
15:30 Крим – Есбјерг (Д група)
Недела
14:00 Лајпциг – Астраханочка (Б група)
15:00 Ференцварош – ЖРК Вардар (Б група)
15:00 Савенхоф – Ларвик (д група)
Втората половина од натпреварите од ова коло ќе се играат во приодот од н18 до 20 ноември.