(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Власта казнува родители на првооделенци во Прилеп

Од:

„Покрај секојдневните притисоци на наставниците, власта започна со изрекување парични казни и за родителите.

Државниот просветен инспекторат прекршочно ги гони родителите кои наместо своите деца да ги запишат во ООУ Добре Јованоски, тие ги запишале во друго реонско Основно училиште во Прилеп.

Училиштата кои примиле деца од друг реон, а не ги известиле родителите дека тоа наводно е противзаконски, не сносат никаква одговорност.

Казнените налози, сите во висина од по 60 евра, пристигнале на домашни адреси на родителите во обични писма со штембил од ООУ „Добре Јованоски“.

Директор на ова основно училиште е Виолета Лашкоска, мајка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска.

Во истото училиште вработени се и регионалниот претседател на СОНК и член на ДПМНЕ, Златко Думбалоски, како и неговата сопруга Верица Думбалоска.

Како врв на безобразноста, казнените налози се без печат од Државниот просветен инспекторат и без право на приговор.

Ќе ставиме крај на одмазничкото и селективно казнување.

Нема да дозволиме предизборното полнење на буџетот на грбот на родителите.

СДСМ Прилеп нуди бесплатна правна помош за казнетите родители.

По 11 декември ќе ги преиспитаме сите вакви законски решенија со кои единствено се оштетени родителите и нивните деца.

Нудиме план за живот во Македонија. Сигурен живот, без дискриминација, казни и притисоци. Повисоки плати за наставниците и квалитетно образование за децата“, изјави Петра Лукароска – Член на комисија за образование при СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски