Медитација наместо казна за учениците

Од:

Наместо казни во американското основно училиште „Роберт Колеман“ на непослушните ученици им се нуди нешто медитација.

Како дел од дисциплинската постапка некои училишта организираат казнена настава за немирните и непослушни деца „да ги доведат во ред“. Но, кај многу деца таквата метода создава револт и затоа не е успешна.

Во училиштето „Роберт Колеман“ наместо казнени часови од минатата година воведена е „Соба на внимателен момент“ во која децата медитираат. Доколку децата несоодветно се однсеуваат на училиште ги испраќаат во собата да размислат за тоа што лошо направиле.

Непослушните деца во собата практикуваат вежби за дишење или медитација што им помога да се смират и да се фокусираат. Исто така, децата се поттикнуваат да разговараат за тоа што се случило.

Покрај медитавијата на децата им се нуди и јога и различни облици на вежби.

По воведување на програмата намален е бројот на деца кои манифестираат несоодветно однесување, а намален е и бројот на изостанци. Поради успешноста на програмата креаторите се надеваат дека истата ќе биде применета и во другите училишта во САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска