Адеми: Ивештајот на ЕК очекуван, реален и коректен

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска изјави дека Извештајот на Европската комисија за Македонија бил очекуван, реален и коректен.

– Тоа што го очекувавме тоа и го добивме. Верував дека Република Македонија ќе добие реален, коректен и објективен извештај каде ќе се нотира и напредокот, изјави Адеми, кој денеска присуствуваше на конференцијата за влијанието на евро-атлантските интеграции врз меѓуетничките односи.

Вицепремиерот за европски прашања посочи дека Извештајот содржи и препораки особено за областите кои се опфатени за итните реформски приоритети.

– Препораките, констатациите секако дека се важни за нас. Секретаријатот за европски прашања изготви анализа која е испратена до сите институции, а ќе биде разгледана и од страна на Владата, рече Адеми.

Тоа што е позитивен чекор, според него, е дека Македонија доби препорака имајќи ги предвид сите околности со кои се соочува земјата.

– Таа препорака е потврда за европската перспектива на Македонија. Нашиот фокус како што кажавме и претхнодно е да го почитуваме Пржинскиот договор, исполнување на итните реформски приопритети и сите други обврски кои произлегуваат од него. Тоа е единствениот начин да се приближиме кон нашето членство во ЕУ, смета вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени