Авиони на мултинационалната коалиција извршија напади врз цели на Исламска држава во Сирија и во Ирак, при што е ликвидиран еден од командантите на терористичката група.
Махмуд Шукри ал Наими, еден од командантите на ИД, е убиен во вторникот во воздушните напади западно од Мосул, јави денеска арапската телевизија Ал Мајдин.
Во Багдад денеска загинаа седум лица, а 17 се повредени во три експлозии. Два напада се извршени со рачно изработени бомби, а третиот со автомобил-бомба. Се претпоставува дека нападите се на ИД.