Протестите против Доналд Трамп низ Америка на кои излегоа десетици илјади граѓани станаа насилни кога демонстрантите ја нападнаа полицијата и почнаа да палат се пред себе и да ги блокираат улиците.
Улиците во центарот на Окланд во Калифорнија беа преполни со чад кога полицијата почна да фрла солзавец за да ги растера демонстрантите.
Беше нападната и општинската зграда на која беа испишани графити “Убиј го Трамп“.
Илјадници луѓе се собраа и на улиците на Лос Анѓелес, а го блокираа и автопатот 110.
Друга група се собра пред општинската зграда, каде запалија оган и мафтаа со главата на Трамп ставена на стапови. Засега се уапсени 14 луѓе.
Над 7000 луѓе го блкираа Њујорк на две локации, извикувајќи “Расистички, сексистички и анти геј Трамп, заминувај! Меѓу нив беа и Мадона и Шер.
И двете отворено ја поддржуваа Хилари Клинтон, а Шер дури и говореше на митинзите на Клинтон.
Демонстрантите го запреа сообраќајот и во Чикаго, Портланд, Орегон, Сан Франциско, Калифорнија..
Во одредени делови на Њујорк е забележано дури и како граѓаните го палат знамето на своката држава.