Јакимовски бара истрага за запалениот автомобил и заканите за сопартиецот од Струмица

Од:

Претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски денеска обвини дека членови на опозициската СДСМ преку социјалните мрежи, во лични пораки и преку пријатели му се заканувале на претседателот на општинската организација на партијата во Струмица Сашо Милковски. Вчера изутрина бил запален и неговиот автомобил.

Јакимовски повара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да спроведе истрага и да се преземат мерки против извршителите.

– Повеќепати се случуваше на неговиот автомобил да му дупнат гумите, да биде оштетуван, но завчерашното палење на неговиот автомобил во 2 часот по полноќ, ја прели чашата на трпението. Знаеме дека ваквите кукавички дејствија се иманентни за СДСМ, рече Јакимовски на прес-конференција.

Според него, зачудува фактот што СДСМ излегле со соопштение дека претседателот на општинската организација на ГРОМ Сашо Милковски го запалил неговиот автомобил само да привлече внимание.

– За каква политичка кулктура станува збор? За каква опозиција? Вака ли ќе ја ослободуваат Македонија од наводниот режим?, праша Јакимовски, посочувајќи дека секоја сериозна партија треба да го осуди атакот врз имотот на политичкиот противник во Струмица.

Јакимовски рече дека иако настанот билм пријавен вчера во 9:30, полицијата дошла дури во 17:00 часот по неколку нивни интервенции. Возилото, според ГРОМ, е полиено со бензин и моторно масло и било изгаснато од чувар на згради.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он