ИТ секторот во Македонија под име „IT4Charity”, го најави својот прв хуманитарен музички настан, кој ќе се одржи на 16-ти ноември во Скопје. Средствата кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во СОС Детското село, кое годинава одбележува 15 години постоење и успешна работа.
Организаторите велат дека настан е можност да се покаже грижата за општеството од страна на ИТ компаниите и луѓето кои работат во неа, и можност за социјализација во релаксирана атмосфера. Тие можат да се вклучат како поддржувачи на настанот, а својата донација да ја направат на жиро сметката на СОС Детското село.
Дел од прометот направен за време на неговото одржување ќе биде одвоен за донација, а дополнително, присутните ќе имаат можност на самото место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена или преку купување на некои од промотивните материјали кои ќе бидат достапни.
СОС Детското село е меѓународна непрофитна организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права, која дава поддршка на сите деца во ризик, особено на оние без родители и родителска грижа и оние чии семејства живеат во тешки услови.
Влезот е слободен за сите хумани граѓани кои сакаат да дадат свој придонес за повисока општествена цел и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно.