Спасовски: Да создадеме модерна и ефикасна полиција која ќе биде партнер на граѓаните

Од:

Општината Ѓорче Петров како и другите општини од градот Скопје од Изборната единица Два навистина се соочува со многу безбедносни предизвици. Многу урбани средини во Македонија и во Скопје ги делат истите проблеми со кои што се соочуваат и граѓаните на општина Ѓорче Петров. Честопати стравуваат за сопствената и безбедноста на своите деца, стравуваат за безбедноста за имотот и живеалиштата и затоа проомовираме мерка од Планот за живот во Македонија. Тоа е воведување на Маалски полицаец, или позорникар, пријател на граѓаните, човек кој ќе ги знае сите проблеми, ќе ги знае сите безбедносни ризици во регионот од кој што доаѓа, рече Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2.

Тоа е човек во кој ќе можат да веруваат граѓаните кои живеат во неговиот реон, на кој ќе можат да му се обратат и за добро и за лошо, да побараат помош, затоа што премногу е важно граѓаните да се чувствуваат безбедно. Кога граѓаните ќе се чувствуваат безбедно тие ќе бидат помотивирани за сопствената работа, да придонесат за промоција и за подобрување на условите за живот во сопствената општина. Сето тоа ќе создаде дополнителна безбедност за нашите деца да одат и да се враќаат слободно од училиштата. Тинејџерите ќе можат безбедно да се враќаат дома без притоа да се грижат нивните родители.

Нашата цел е да создадеме модерна и ефикасна полиција која ќе ги решава проблемите на граѓаните, која ќе биде партнер на граѓаните, полиција во која граѓаните ќе веруваат со што ќе се создадат претпоставки за вистинска безбедност на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните