Гуглета ново име во составот на Металург

Од:

Македонскиот ракометен вицешампион Металург во продолжението на сезоната ќе настапува со ново име во својот состав. Станува збор за српскиот ракометар Александар Гуглета. Тој во тимот од Автокоманда ќе биде до крајот на сезоната.

Гуглета (25 години) игра на позиција десно крило, каде Металург ги има Никола Костески и Томислав Југуриновски. Во својата досегашна кариера има настапувано за Војводина и за Раднички Крагуевац.
Новиот ракометар веќе е пријавен и за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите со Монпеље, а неговото име се наоѓа и на пријавените играчи на сајтот на ЕХФ (Лига шампиони).

Металург за утрешниот дуел во составот ќе го има и Вања Илиќ, кој настапува на позицијата лево крило, а право на настап доби од ова коло.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ