Жбогар му го предаде извештајот на ЕК на претседателот Иванов

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

На средбата, амбасадорот Жбогар на претседателот Иванов му го врачил Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година и го информирал за клучните оценки содржани во Извештајот, подготвен од Европската комисија.

Македонскиот претседател на средбата посочил на неопходноста за промена на статус кво состојбата, во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство со Европската унија.

– Постојаните политички кризи во кои се наоѓа Република Македонија во голема мера, се должат на предолгата статус кво состојба во интеграциите.‎ Сметам дека предвремените парламентарни избори ќе бидат можност за излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат евро-интеграциите. Секое натамошно пролонгирање на овој процес сериозно ќе влијае на темпото на реформите, на нивото на политичка култура во државата и на културата на дијалог и компромиси. Верувам дека Унијата ќе го исправи досегашниот погрешен пристап кон Македонија, порачал претседателот Иванов на средбата.

Иванов и Жбогар размениле мислења и за претстојните избори во Република Македонија, за кои се согласиле дека е важно предизборниот и изборниот процес да минат во фер, демократска и конструктивна атмосфера.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд