ПЕИ во опозициската коалиција

Од:

Партијата за европска иднина (ПЕИ) денеска соопшти дека е постигнат договор за предизборно коалицирање со СДСМ и останатите коалициони партнери.

ПЕИ ќе учествува на коалиционите листи за пратеници во Втората изборна единица каде на позицијата број 15 за пратеник ќе биде предложен Сеадин Џафери, во Петтата изборна единица на позицијата 8 ќе биде предложен пратеникот Алија Камбероски и во Шестата изборна единица за кандидат за пратеник на 17 позиција ќе биде предложен Абдија Мерсоски.

Одлуките од коалициониот договор ќе бидат верификувани на седница на Централниот одбор на ПЕИ што ќе се одржи во сабота во Струга.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада