Без водоснабдување в четврток од 9 часот до завршување на работите, ќе останат корисниците од објектите Плаја Виста, Спортска Медицина , Царина и ЕВН во општина Центар.
Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-150 мм на новиот објект на ЈП „Водовод и Канализација“ на улица „Лазар Личеновски“ бб.
Без вода утре од 15 до 18 часот ќе останат и корисниците од булеварот „Јане Сандански“ 35 и 37, основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ и градинката до училиштето. Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затворач на булеварот „Јане Сандански“ 37.