Со денешниот натпревар меѓу екипите на Висла Плок и Кил, кој ќе се игра во терминот од 18 часот, ќе биде отворено 6.коло во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција.
Македонските претставници Металург и Вардар своите мечеви од ова коло ќе ги играат на домашен терен во Скопје. Металург утре го пречекува Монпелје, а Вардар в сабота е домаќин на Киелце.
Распоред на натпреварите за 6.коло во Лигата на ракометните шампиони:
Висла Плок – Кил (денес);
Чеховски Медведи – Татран Прешов,
Рајн-Некар – ППД Загреб,
Металург – Монпелје и
Кадетен Шафхаузен – Фленсбург (утре);
Веспрем – Силкеборг,
Мешков Брест – Кристијанштад,
Вардар – Киелце,
Брага – Мотор Запорожје,
Лариоха – Елверум,
ПСЖ – Барселона,
Целје – ПИК Сегед (сабота);
Холстебро – Бешикташ и
Нант – Динамо Букурешт (недела).
Табели:
А група: Барселона 10 бодови, ПСЖ 8, Кил 6, Веспрем 6, Фленсбург 5, Силкеборг 4, Висла Плок 1 и Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Киелце 8, Вардар 8, Рајн-Некар 7, ПИК Сегед 5, Мешков Брест 4, Кристијанштад 3, Целје 3 и ППД Загреб 2.
Ц група: Ла Риоха 7, Монпелје 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Татран Прешов 4 и Металург 4.
Д група: Нант 9, Бешикташ 7, Мотор Запорожје 5, Динамо Букурешт 4, Брага 4 и Холстебро 1.