Општина Битола објави јавен повик за креирање на новогодишната програма

Од:

Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата за пречекот на Новата 2017 година.

Од секторот за односи со јавност информираат дека традиционалниот јавен повик е за јавни и физички лица кои имаат намера да понудат креативни идеи за подготвување на програмата за пречек на новата година.

– Новогодишната програма секогаш е исполнета со најразлични активности и содржини посветени за сите генерации. Во програмата се вклучуваат јавни и приватни институции, поединци и граѓани кои нудат идеи со финансиска конструкција и затоа очекуваме најдоцна до крајот на месецов, односно до 30 ноември да ги добиеме сите идеи за учество во новогодишната програма, истакнуваат од општина Битола.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ