Четири лица се убиени во вчерашните нови судири меѓу Индија и Пакистан, во регионот на границата на меѓусебно оспорената хималајска област Кашмир, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.
Тројца цивили загинаа и уште толку се ранети во Пакистан во индиски артилериски напад, во кој била погодена куќа. На лице место загинале 45-годишна жена и нејзината шестгодишна ќерка, а еден маж бил смртно погоден на блискиот мост.
Во престрелка меѓу двете воени сили загина и еден индиски војник.
Во пукањето од пакистанска страна на границата вчера беа убиени три лица .
Од јули во овој проблематичен регион загинаа над 80 лица. Тензиите меѓу Индија и Пакистан се засилија во текот на последните неколку месеци, најмногу заради спорот за Кашмир. Двете земји, историски непријатели и нуклеарни сили, досега воделе вкупно три војни, од кои две за оваа хималајска област.