Димитриевски: Институциите навремено да реагираат во Стајковци

Од:

Ја користам оваа прилика да апелирам до сите надлежни институции, на локално и централно ниво да реагираат, своевремено да делуваат превентивно и да ги спречат евентуалните последици од ваквите врнежи коишто во овој период се вообичаени, вели Максим Димитриевски член на ИО на СДСМ. 

Морам да напоменам дека и покрај изминатите три месеци од она што се случи, и не посакуваме никогаш повеќе да ни се случи во државата, повторно се наоѓаме во состојба каде што државата ја нема, не реагира соодветно и партизираните институции кои што имаат надлежност директно да се справуваат со ваквите кризи и превентивно да делуваат, се неми и селективни.

Тоа значи дека граѓаните на општина Гази Баба, населеното место Стајковци и регионот, повторно се оставени самите на себеси да се справуваат со ваквите евентуални елементарни непогоди коишто можат да бидат резултат на неодговорното однесување на централната власт, поради тоа што се уште каналите за одвод на ваквите води не се исчистени и граѓаните се принудени да импровизираат. 

Воедно би сакал да напоменам дека и покрај тоа што 33-те милиони евра кои што оваа влада ги зеде како позајмица, се уште не се реализирани во делот на обештетување на населението коешто беше погодено од оваа елементарна непогода. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација