Стипендија за најталентираните ученици во Општина Центар

Од:

Учениците, наставниците, родителите, градоначалникот на општина Центар, советници и вработени во општината роденденски го чествуваа 62-риот роденден на основното училиште „Димитар Миладинов“ и 40-тиот јубилеен роденден на општина Центар.

Најдобрите и најталентираните ученици од сите 7 основни училишта на територијата на Центар, добија стипендии по 2.500, односно 2.000 денари месечно, и тоа во текот на целата учебна година.

Оваа година општина Центар за прв пат воведе награди и за најдобро уредените училници во училиштата. Како награда беа доделени ЛЦД проектори за најдобрите, а за второ и трето пласираните – магнетни табли, ѕидни часовници и други училишни помагала.

„Општина Центар со ова ја покажува грижата за најталентираните и за најдобрите ученици и наставници. Освен овие награди, оваа општинска гарнитура ги стимулира и најдобрите спортисти, најдобрите наставници, а воведовме и стипендии за највредните ученици во 7-те основни училишта кои доаѓаат од социјално загрозени семејства“, рече градоначалникот Жерновски.

Роденденски подарок од училиштето „Димитар Миладинов“ за општина Центар е химната на општината, чиј автор е наставничката по музичко образование, Славјанка Димова, а ја изведе хорот на училиштето.

Птицата феникс, која е обележје и симбол на општина Центар, изработена во хартија од учениците, беше подарена на присутните, кои не го криеја своето изненадување и задоволство.

Митолошката птица феникс, рекоа децата, ја симболизира преродбата, а општината секогаш знае и може да даде за децата се’ што им треба – тоа се мотив и надеж, силна љубов и среќа и целосна поддршка.

Сето ова, учениците го дополнија и со музичко-ритмичката изведба „Заедно можеме“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски