Припадници на ИД киднапирале 295 поранешни припадници на ирачките безбедносни сили во близина на Мосул и принудиле 1.500 семејства да се повлечат од градот Хамам ал Алила, соопшти денеска ОН.
– Луѓето се насилно протерани и киднапирани, а изгледа ќе бидат користени како „жив ѕид“, во зависност од припадноста, и убиени, наведува ОН.
Организацијата соопшти и дека минатата недела се киднапирани околу 30 шеици ви Синјар, како и дека 18 од нив се убиени во петокот.