Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во следните три дена ќе одигра два натпревара, во вторник во Скопје во рамките на СЕХА лигата ќе гостува тимот на Извиѓач, а во четврток во рамките од Лигата на шампионите гостин е повеќекратниот франциски и поранешен европски шампион Монпеље.
Во пресрет на двата натпревари Металург одржа прес конференција.
– Утре играме против Извиѓач, а по два дена и со Монпеље. Немаме многу време за тренинг. Имаат неколку одлични играчи (за Извиѓач), кои се високи. Играат остро во одбраната, а воедно се млада екипа. За нас е добро што се враќа Нмења Обрадовиќ, изјави тренерот на Металург Лино Червар.
Младиот голман на Металург Мартин Томовски, рече дека дуелот во вторник со Извиѓач е тест за тоа што ќе се игра со Монпеље.
– Ќе направиме се за да постигнеме поволен резултат, рече Томовски.
За натпреварот во четврток Червар истакна дека Монпеље е клуб кој секогаш цели кон високите места на натпреварувањата.
– Морам да кажам дека знаеме каков тим ни доаѓа на гости. Ова е огромен предизвик за нашата млада екипа, да им пружиме силен отпор и да бидеме внимателни. Домашниот терен сигурно ќе ни биде предност (победа имаме над Ла Риоха). Мора да го извлечеме максимумот од себе и да бидеме рамноправен противник, рече Червар.
Натпреварот Металург – Извиѓач се игра во вторник со почеток во 20:30 часот, додека дуелот Металург – Монпеље се игра во четврток во 18:45 часот. Двата натпревара се играат во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.