И Црвенковски кандидат? Медиумите пишуваат, СДСМ-демантира

Од:

Локалната трка далеку, а во партиските штабови врие. Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, молк, и не може ни пиле да прелета, а камоли информација, медиумите ги плетат сите можни и неможни комбинаторики, за тоа кои ќе бидат адутите на СДСМ.

И секогаш информациите се од добро упатени извори.

Денешна Нова Македонија, објавува вест, како што пишуваат , според високи партиски извори, со анкетите што ги прави партијата се испитува какво е расположението на граѓаните за кандидатура на Бранко Црвенковски за скопски градоначалник. Се проверува рејтингот и на Шеќеринска, Јакимовски и на уште неколкумина други.

За А1 , СДСМ ги демантира овие информации.

Она што е сигурно , Заев за Струмица, Аце Коцевски за Велес, и актуелниот Зоран Дамјановски-Циц, за Куманово. Партијата официјално не потврдува, но како кандидати, партиски извори за Битола го вбројуваат Васко Ковачевски, приватен бизнисмен.

Градоначалничката трка за боите на СДСМ во Прилеп, најверојатно ќе ја трча Хари Локвенец, предавач на Американ колеџ и приватен бизнисмен, а фаворит на СДСМ за Кривогаштани, според се уште неофицијалните информации ќе биде Оливер Лукароски.

Во Штип мртва трка меѓу двајца кандидати, докторот Владимир Милошев, претседател на општинската организација, и координаторот на третата Изборна единица и поранешен директор на јавното претпријатие “Исар“, Здравко Коцев, на кого извори на А1 му даваат предност .

Останува отворено прашањето, и допрва ќе се отвораат испитувањата за тоа кој ќе биде најдобриот кандидат за Кичево, Гевгелија, Охрид, Кавадарци,неготино, Долнени, Пласница, Тетово и Струга. Во некои медиуми се споменуваше и името на Сефер Цаноски за прв човек на Струга, но тој на социјалните мрежи ова го демантираше.

За некои од градовите , ќе се договара и со коалициските партнери.

За Кочани и за Делчево, дознаваме, се подготвува неконвенционално решение, кое ,велат наши извори, ќе биде големо изненадување.

Тешка ќе биде одлуката за Скопје, се уште се испипува пулсот и расположението на граѓаните. Затоа и митингот во Скопје е оставен последен , за септември. Од СДСМ велат, не сакаат да остават ништо на случајот и сакаат да го добијат главниот град. Подготвени се да кандидираат и непартиски кадар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски