Мансур: Промената на статусот во ОН е признавање на палестинската држава

Од:

Палестинскиот претставник во Обединетите нации Ријад Мансур изјави дека промената на статусот на Палестина во ОН би било сфатено како признавање на палестинската држава.

– Ако Генералното собрание го прифати нашето барање за промена на статусот во ОН, тоа ќе го сфатиме како признавање на државата Палестина, посочи Мансур.

Тој додаде дека гласањето за палестинското барање за статус на држава нечленка набљудувач, што е закажано за денеска е важен и „историски момент“, како за Палестина така и за ОН.

Палестина во моментот има статус на земја набљудувач.

Според неформални податоци до сега околу 60 држави се изјасниле дека ќе го поддржат палестинското барање.

– Нашето барање е легитимно и фер. Со демократски методи ја браниме нашата теза. Нашето барање не е илегално, како што се израелските населби и окупација, посочи Мансур.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски