Во извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Турција се посочува на проблеми поврзани со слободата на изразувањето и независноста на судскиот систем, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Германскиот весник забележува, дека во извештајот, кој треба да биде објавен в среда, се оценува дека во Турција дошло до „значителен пад“ во слободата на говорот, а во однос на судските одлуки во врска со националната безбедност и борбата против тероризмот – дека одлуките се донесуваат „селективно и произволно“.
Еврокомисијата изразува голема загриженост поради големиот број уапсени турски новинари и затворањето на медиумите по неуспешниот државен преврат на 15 јули.
Европските претставници се особено критични во однос на реакцијата на властите во Турција кон осомничените за учество во пучот, напоменувајќи дека беа приведени над 110 илјади судии, наставници, полицајци и државни службеници.
Според критичарите на турските власти, мерките на властите имаат за цел да и нанесат удар на лигитимната опозиција.
Во извештајот се посочува дела според Сојузот на турските новинари, затворени се околу 170 весници, списанија, телевизии и информативни агенции, а 2.500 новинари останале без работа.
Во извештајот на Комиисијата се забележува дека има поткопување на независноста на судството, како и дека секој петти судија и обвинител се отстранети од должност по обидот за преврат.
Некои од приведените останале во притвор до 30 дена пред да бидат изведени пред суд според вонредниот закон, воведен по обидот за преврат.
Извештајот покренува и „многу сериозни прашања“ во врска со активностите на турските власти против лица, осомничени за врски со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулет, кој е обвинет за поттикнување на превратот.
Ѓулен негира дека има каква било врска со пучот во Турција.