Србите од северно Косово денеска соопштија дека не можат да ја прифатат спогодбата за интегрирано управување на граничните премини, договорена меѓу Косово и Србија со посредништо на ЕУ, пренесе МИА.
По денешната средбата со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ, лидерите на Србите во северно Косово изјавија дека ако спогодбата значи утврдување на суштинска граница меѓу нив и Србија, тоа тие нема да го прифатат.
Србите ја отфрлија власта на косовската влада и се спротивставуваат на сите обиди границата меѓу Косово и Србија да се стави под владина контрола, посочуваат агенциите.
Србија не го признава Косово и границата единствено за прифаќа како административна линија.
-Добивме уверување дека тие ќе се обидат да ја подобрат спогодбата, рече Славиша Ристиќ, еден од локалните косовски српски лидери, откако се сретна со Николиќ и Дачиќ.
Тој истакна дека Србите нема да ја прифатат спогодбата „доколку тоа значи утврдување на граница“ или ако тие бидат принудени да покажуваат косовски документи за идентитет или за своите автомобили или пак да плаќаат царина на косовските власти на граничните премини.
Во изјавата по средбата Николиќ кажа дека српските лидери ќе ја кажат својата позиција за спогодбата откако на 4 декември ги добијат дополнителните појаснувања.