Осумнаесетгодишник од Визбегово претепан на Бит пазар

Од:

Двајца малолетници од Скопје вчера по полноќ физички го нападнале осумнаесетгодишниот К.С. од село Визбегово, Скопско, при што му нанеле тешки телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќта на 6 ноември во 01.05 часот во полиција од страна на граѓанин е пријавено дека на ул. „Бит Пазарска“ лежи машко лице во бесознание, за кое е констатирано дека е К.С. (18) од с. Визбегово, Скопско.

Од страна на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар и се наоѓа на КАРИЛ, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп