Избрани кандидатите за пратеници на ЛДП

Од:

Либерално-демократската партија денес, на седницата на Централниот одбор, во демократска атмосфера и со тајно гласање, ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11-ти декември.

Во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложи Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – Стефан Миноски.

Јулиана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП е на 6-тото место во третата изборна единица.

Во четвртата изборна единица, на 20-тото место на коалициската листа е Јасмина П. Миленковиќ, а во петтата изборна единица, на 4-тото место е претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

ЛДП на изборите на 11-ти декември ќе настапи како дел од опозициската коалиција, предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он