Комплетните листи на СДСМ: Ферид Мухиќ, Павле Богоевски, Туфегчиќ

Од:

Во првата изборна единица каде што носител е Стево Пендаровски има две добитни места за Шарената револуција. На петттата позиција на листата е Павле Богоевски, а на деветтата позиција е Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

На листата добитни места имаат и Рената Десковска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. Од коалицијата со добитно место и шесттата позиција на Лилјана Поповска, а Ердоган Сарач е на десеттата позиција.

14957969_929165510518075_850305151_o

Во втората изборна единица каде што носител ќе биде Оливер Спасовски, следуваат Фросина Ременски, Мухамед Зекири,Ферид Мухиќ на петтата добитна позиција.

14971518_929165570518069_691597308_o

Во третата изборна единица каде што носител е Љупчо Николовски, следуваат Благоја Бочваров и Јагода Шахпаска.

15008010_929165523851407_1251417943_o

Зад Зоран Заев во четвртата изборна единица е Хари Локвенец и Катерина Кузмановска. Координарот на СДСМ, Сугаревски го нема на листата.

14971490_929165560518070_1938505861_o

Петта изборна единица ја предводи Радмила Шекеринска, а по неа следува Кирацовски. Таму има добитно емсто и за ПЕИ.

14964213_929165553851404_1719584787_o

Носител во шестата изборна единица ќе биде партискиот портпарол, Петре Шилегов. За пратенички места во оваа изборна единица ќе се борат и Ѓулумсер Касапи, Благојче Трпески, Даријан Сотировски, Катерина Тодороска и Медат Куртоски.

14964141_929165530518073_1187457108_o

На листите ги нема Лидија Димова, Софија Куновска, Панче Орцев, ниту Никола Димитров за кого се спомнуваше дека може да биде кандидат на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата