Ограбен и претепан 66 – годишен кумановец

Од:

Маскирани лица физички нападнале и ограбиле 66 – годишен жител на село Отља, кумановско.

Како што соопшти МВР, вчера во 20:50 часот во Отља три засега непознати маскирани лица влегле во куќата на Т.С. (66), физички го нападнале и му одземале 300 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и пиштол „застава“ калибар 7,62 мм, што оштетениот го поседувал со дозвола, како и мобилни телефони „самсунг“ и „ајфон 4“.

Според МВР, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 100.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски