Радичевиќ: Вардар има квалитет за финале во ЛШ

Од:

Една од најдобрите ракометарки на македонскиот првак Вардар, Јованка Радичевиќ смета дека нејзината екипа годинава располага со квалитетни играчи кои имаат потенцијал да стигнат до финалето во Лигата на шампионите.

Вардарки вчеравечер со убедливи 39:25 го совладаа рускиот шампион Астраханочка и на две кола пред крајот на првата групна фаза обезбедија пласман во следната рунда од елитното натпреварување.

– Победивме, но не смее да летаме, зашто она за што се подготвувавме е ФТЦ Будимпешта и сигурно е дека во Унгарија ќе ни биде многу тешко. И овој натпревар сакавме да го искористиме за што подобро да се подготвиме за ФТЦ. Имаше и добри работи, но имавме и многу грешки во одбрана. Одиме чекор по чекор. Сите мислиме „уау” ја победивме Астраханочка со голема разлика, но треба да одиме полека, да се смириме, не смееме да летаме зашто квалитетот на Вардар е да игра финале во Будимпешта, а не да победуваме екипи што на хартија се послаби од нас, изјави Црногорката во дресот на Вардар.

„Црвено-црните“ следното коло гостуваа кај ФТЦ и од исходот на тој натпревар ќе зависи колку бода ќе пренесат во следната фаза од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ