Тетовец киднапирал девојка

Од:

Дваесет и осум годишен гостиварец синоќа околу 23.40 часот пријавил дека С.Д. од тетовското село Жеровјане ја киднапирал 23-годишната А.А.(23).

Насилникот заедно со друг маж кој возел автомобил, под закана дека наводно има пиштол ја извлекол девојката од „опел астра“, во кое таа била со гостиварецот.

С.Д. влегол во возилото ја удрил жената по лице, заканувајќи и се дека ќе ја однесе во шумата.

Во 23.50 часот во село Чајле од страна на патрола од полициски службеници биле пронајдени насилникот и девојката. С.Д. е приведен и задржан во полиција, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена