Репрезентацијата на Украина приреди големо изненадување со победата над Исланд 27-25 (13-13), во Групата 4 од квалификациите за пласман на Европското првенство во ракомет во 2018 година.
Украинците го совладаа фаворизираниот Исланд 27-25 и дополнително ја закомпликува ситуацијата во Групата 4, по две одиграни квалификациски кола. Во оваа група Македонија загуби во Чешка 28-35, по што сите четири репрезентации имаат по два бода.
Садови со пет и Денисов со четири гола ја предводеа Украина до победата.
По две кола во Групата 4 Чешка е лидер со два бода и позитивна гол разлика, Македонија Исланд имаат гол разлика -1, а Украина -4.