Патници му го украле возилото на таксистот

Од:

Патници во такси возило во Кавадарци, му го украле возилото на таксистот и избегале, соопшти полицијата.

Имено, во петокот вечерта, околу 21.30 часот од центарот во Кавадарци, две засега непознати лица побарале такси услуга од Ѓ.Т.(25) од Кавадарци до село Пепелиште, кој бил со автомобил „Сеат Кордоба“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија.

Кога стигнал кај Пепелишки мост лицата насилно го изнеле од возилото, физички го нападнале, му го одзеле возилото и се упатиле кон Неготино.

Во 22.10 часот од страна на полициски службеници возилото било пронајдено на ул.„Индустриска“ во Неготино.

Увид на лице место извршила екипа од ПС ОН-Неготино. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп