Димовски: Структурите на Спасовски се во соработка со лица со криминално досие

Од:

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од Велес упати порака дека граѓаните се свесни за дејствувањето на Спасовски.

– Видовме еден инцидент во кои што очигледно паралелно соработуваат дел од структурата поставена од Оливер Спасовски од единицата Алфи со лица кои имаат сомнително и криминално досие и заедно учествуваат во некаква си замислена потера, употребуваат огнено оружје, се закануваат и напаѓаат. Тоа го видовме на видео снимките и сакам да потенцирам дека такви појавни форми не се случуваат само во Скопје, ги гледаме и во други градови ги гледаме и во Велес, дел од раководниот кадар кој што Оливер Спасовски го поставува во министерството за внатрешни работи и очигледно е дека соработуваат со такви структури во насока на политичка активност и поддршка на СДСМ.  Јас би апелирал дека тоа е неразумно и дека тоа ќе им се удри од глава затоа што не само ние го гледаме тоа, туку и граѓаните на цела Македонија ги знаат тие работи и прво ќе им се одрази на политичката поддршка која што ја имаат и второ секој кој што би направил некој инцидент или прекршување на изборниот законик без разлика дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе мора и ќе треба да си ги сноси лично одговорностите. Во таков случај ниту Оливер Спасовски ниту началник на полиција или било кој ќе може да заштити некое лице кое што залетало во моментот и мисли дека ако некој началник го чукнал по рамото може да прави инциденти и апелираме Оливер Спасовски да престане со таквите структури во полицијата на републичко и на локално ниво. Апелираме до сите припадници на министерството за внатрешни работи  да останат професионални и одговорни онакви какви што беа сите овие години и да си ја вршат работата врз база на закон и врз база на правила, а не врз база на симпатии или со некакви поврзаности со одредени политички структури низ Македонија, рече тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО