Стотина навивачи ќе ја бодрат Македонија на денешниот натпревар со Чешка

Од:

Македонската ракометна репрезентација за нешто помалку од еден час ја очекува дуелот со Чешка во квалификациите за ЕП 2018. Избраниците на селекторот Лино Червар ќе ја имаат поддршката и од македонската фаланга. Покрај групата од околу 50-тина навивачи кои со автобус минаа околу 20 часа од Скопје, во Плзен се наоѓа и група македонски навивачи кои допатуваа од Виена.

Секако бројката се очекува да биде поголема од причина што и Македонци кои работат во Чешка имаат веќе обезбедено влезници за натпреварот.

Натпреварот Чешка – Македонија се игра во салата „Местска спортови ТЈ Локомотива“ која има капацитет од 1.600 места. Почетокот е во 14 часот и 25 минути.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ