Зошто не е можно вратата на авионот да се отвори во текот на летот

Од:

Тоа што најверојатно мачи многу патници во текот летот е прашањето дали вратата на авионот може да се отвори во текот на летањето.

Се случувало патници во моментот пред полетување или во текот на летот, случајно или намерно да се обидат да ја отворат вратата од авонот, но речиси никој од нив не успеал во тоа.

– Технички вратата може да се отвори, но само доколку сте во состојба да повлечете сила од три до четири тони. Често пати стјуардесите загрижени влегуваат во пилотската кабина да пријават дека некој од патниците се обидува да ја отвори вратата на авионот. Ние на тоа само се смееме и им велиме да го игнорираат, вели Рон Вагнер од американското воздухопловство.

На височина силата во просек изнесува околу три или четири тони. Дури и кога авионот е на земја, кога ќе дојде до состојб ан пресуризација, притисокот изнесува од 181 до 362 килограми

– Да, авиокомпаниите извршуваат пресуризација додека авионот е на земја што спречува ударите од притисокот да влијаат врз вашето тапанче при полетувањето.

 А дали вратите можат сами да се отворат во текот на летот?

Вагнер објаснува зошто вратите на авионот не можат да се отварат во лет – се отвараат од надвор.

– Вратите се генијално дизајнирани. По затворањето, тие се гнездат во надворешната рамка, како чеп. Затоа ги викат – чеп врати. Во авијацијата сакате физиката секогаш да биде на ваша страна, бидејќи вратата со помош на неа останува на своето место, место да се борат против физиката на некои технологии на заклучување, што со текот на времето би попуштиле под притисокот. 

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски